Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, одржа работна средба со претставници на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола. На состанокот присуствуваа и претставници на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.
Фокусот на разговорите беше иницијативата дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и опреми како тренинг-центар за обука на пожарникари. Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да ги преземе неопходните активности за уредување на теренот, како и да обезбеди услови за одржување на теоретската настава во рамки на обуките.

Во наредниот период е предвидено потпишување меморандум за соработка, а планот е обуките да започнат напролет. Со реализацијата на оваа иницијатива, Кочани ќе стане регионален центар за едукација и усовршување на пожарникари од целата држава.
Ваквиот проект се очекува да донесе повеќекратни придобивки – унапредување на капацитетите и подготвеноста на пожарникарските служби, размена на искуства и знаења, како и подигнување на пожарникарството на повисоко професионално ниво.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
