ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА

февруари 24, 2022
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вечерва во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани даде отчет за сработеното во првите 100 дена по доаѓањето на функцијата прв човек на градот.

Во отчетот Папазов како прв позначаен проект го спомна почетокот на замена на главниот постоечки цевковод, продолжување со градежните работи на улицата „Стево Теодосиевски“, изградбата на канализациона мрежа во  село Тркање, реконструкција на улицата „Роза Петрова“, поставените подземни контејнери како и расчистувањето на дивите депонии.

Реконструкцијата на кровната конструкција на ОМУ „Ристо Јуруков и почетокот на промената на кровната конструкција на ОУ „Никола Карев“ се едни од проектите што беа спомнати во отчетот. .

Формирањето на Локален младински совет, доделените стипендии на студентите, изборот на најдобри ученици во основните и средните училишта како и манифестацијата „Најуспешен спортист во Кочани за 2021“ беше отчетот што е во категоријата за младите.

На крајот ги информираше присутните за неговите заложби за она што треба да се реализира во тековната 2022 година.

С. Ивановски