ИНФО ШТАНД ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА РОМИТЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

март 22, 2022
1 минути

Проектниот тим за проектот “Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“, в четврток (24.03.2022) организира промотивен настан за задржување на Ромите на работните места.

На пазарот ќе биде поставен инфо-штанд на кој граѓаните ќе може да добијат повеќе информации за проектот и за потенцијалните можности за вработување во компанијата Делтекс.

Промоцијата ќе се организира на пазарот со почеток во 11 до 13 часот, во организација на Националниот Ромски Центар од Куманово и компанијата Делтекс Кочани.

Овој материјал е целосно финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Sida и We Effect.