ИСИ „ЧЕШИНОВО 2026“, ОРГАНИЗАТОРИТЕ НЕ ГО ЗАБОРАВИЈА МИТКО БОЈАЏИЕВ

август 2, 2026
1 минути

Организаторите на годинешното 54-то издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2026“ во пресрет на самиот финален натпревар на семејството на прерано починатиот Митко Бојаџиев им врачија маици со неговиот лик во знак на сеќавање.

Митко Бојаџиев долги годни беше еден од организаторите на овој престижен турнир. И годинава беше вклучен во организацијата но за жал не можеше да го дочека финалето.

Маиците им ги врачи Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ