По дваесет и три дена денес на фудбалскиот терен во Чешиново се одигра финалниот натпревар од годинешното 54- то издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2026“.

Во големото финале екипата на Соколарци го совлада Чешиново со 2:0 (1:0) и го освои победничкиот пехар и ваучер од 200.000 денари, додека второпласираната екипа освен пехар од организаторот доби и ваучер од 100.000 денари. Наградите им ги врачи Градоначалникот на Општина чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов.

По интонирањето на химната на Република Македонија натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на долгогодишниот еден од организаторите на овој голем турни Митко Бојаџиев кој пред десетина дена замина во вечноста.

Инаку освен награди на првопласираните две екипи беше прогласен и Ннајдобриот играч на турнирот, а годинава признанието му припадна на Никола Стоиловски од екопата на Соколарци.

Од организаторот на турнирот Благодарници им беа врачени на Судискиот актив при ОФС – Кочани, ОВР Кочани, Организациониот Одбор на игрите како и на Тоше Стојанов.





С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
