ИВАН ИВАНОВ – В.Д. ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“: НАЈОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА ДЕПОНИЈАТА И ДНЕС СЕ ГАСНЕШЕ

јануари 8, 2022
0 min read

По објавеното писмо од група рекреативци, љубители на природата кое беше објавено на нашиот портал денес а по повод чадот и миризбата што се шири од депонијата, реагираше в.д.  директорот на КЈП „Водовод“ – Кочани Иван Иванов:

„Најодговорно тврдам дека во текот на денешниот ден фирмата специјализирана за пожари од ваков вид, заедно со противпожарната екипа и екипата на КЈП „Водовод“ и денес ја гаснеше депонијата. Во текот на денот извршивме увид заедно со градоначалникот. Гаснењето продолжува и утре и ќе трае се додека не се угаси пожарот. Белиот чад е практично водена пареа која е резултат на гаснењето.  За жал сеуште чади и се шири непријатна миризба. Не е во ред да се пласираат дезинформации дека никој ништо не презема, особено не е во ред за луѓето кои влегуваат директно во оган за да ја изгаснат. Пожарот не е ни малку наивен, гори метан и е многу тешко за гаснење“.

С. Ивановски