ИВАН ЈОРДАНОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ИСТОЧНО ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

ноември 19, 2021
0 минути

Во организација на Центарот за развој на Источно Планскиот Регион градот Штип денес беше домаќин на конститутивната средба на градоначалниците од Источно Планскиот Регион.

За Претседател на Советот на Градоначалници на Источно Панскиот Регион со времетраење од една година е избран Иван Јорданов, актуелен Градоначалник на Општина Штип.

Советот во следните четири години ќе го сочинуваат 8 градоначалници од ВМРО ДПМНЕ и 3 од СДСМ.

Во своето прво обраќање како Претседател на Советот на градоначалници Јорданов потенцираше дека нема само да ги застапува интересите на граѓаните на Штип, општина од каде што доаѓа туку и интересите на сите граѓани во регионот.

С. Ивановски