ИЗЧЕЗНАТО ЛИЦЕ, ПОЛИЦИЈАТА ВО МОБИЛНА СОСТОЈБА

мај 24, 2022
0 min read

Како што дознаваме Кочанската полиција е мобилизирана по информацијата за исчезнато лице и истата е во потрагата на младото момче на кое од сношти му се губи трагата.

Имено исчезнатиот работел како монтер на поставување Фотоволтаични панели на јужната периферија од градот. Од неговата компанија ја информирале полицијата дека неговото службено возило стои онаму каде што било паркирано, но од момчето нема никаква трага.

Полицијата го пребарува теренот, но и за пронаоѓање на исчезнатиот побарано е  да бидат испратени кучиња трагачи, како би се решила ова засега мистерија.

С. Ивановски