ЦРНА ХРОНИКА – ОД 22 ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА

февруари 23, 2024
0 минути

На 22.02.2024 во 17.35 часот во ОВР Берово, 37 – годишен жител на Пехчево пријавил дека пред неколку дена, неговата малолетна ќерка заминала да живее со малолетник во Кочани. Според пријавеното, тој добил и закани од семејството на малолетникот. За случајот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.02.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Кочани, вработена во средно општинско училиште во Кочани пријавила дека околу 18.05 часот В.З. влегол во училиштето и физички нападнал ученичка. По целосно документирање на случајот против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение  на  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ