ПОРАДИ ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ДРОГА ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

декември 28, 2021
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(30) и М.К.(27), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“. Пријавените, на 07.08.2021 во такси возило сокриле марихуана, амфетамин и екстази, по што заминале во Кочани каде овозможиле употреба на дрога на две лица.

При преглед кај нив, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР