ИЗГРАДЕНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „563“ ВО „ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА“

јануари 29, 2025
0 минути

Заврши изградбата на главната канализациска линија со приклучоци, на улицата „563“ во Лесна индустрија во Кочани.

Главната линија е долга 410 метри, со пречник  250 мм, а канализациските приклучоци   коишто водат кон градежните парцели лево и десно од улицата се со вкупна должина од 160 м, со пречник од 200 мм. Поставени се и канализациски шахти со длабочина на ровот и до 4 м.

Работите ги изведуваше избраниот економски оператор „Калина“ од Оризари, а вредноста на проектот е 3.773.301 денар.

Средствата во износ од 3 милиони денари се од Министерството за животна средина, а останатиот износ е кофинансирање од Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ