ПОЧНА ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

март 15, 2022
0 минути

Почна реконструкцијата на улицата „Раде Кратовче“ која уште минатата година требаше да биде завршена бидејќи стариот асфалт одамна се изгреба а освен тротоарите требаше да се постави и нов слој на асфалт.

Деновиве започна поставувањето на нови рабници а се прават подготовки за поставување бекатон плочи на тротоарите.

Кога ќе започне поставувањето на асфалтот не се знае, според едни базите за производство на асфалт не биле ставени во функција, а според други новите повисоки цени ја диктираат реконструкцијата на улицата.

С. Ивановски