ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД МАРИНА АРСОВА

декември 9, 2025
0 минути

Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Јавната општинска установа библиотека „Искра“  во Кочани се одржа изложба на цртежи од Марина Арсова.

Марина Арсова, професорка по англиски јазик и книжевност, е уметница аматер, која истакнува дека цртањето, покрај  создавање убави нешта, за неа претставува израз на најдлабоки емоции – на она што не секогаш се искажува со зборува и не секогаш се чита од лицето.

– Од тага до копнеж, од болка до надеж – сенките и светлината ги претставуваат крајностите на животните искуства, кои најчесто се некаде помеѓу нив. Убавината на жената, со сета нејзина ранливост и сила, е симбол на безвременост. Мојот обид е да доловам момент на ранливост, кој иако е затскриен во сенките, останува многу моќен и станува извор на сила – вели Арсова за творечката инспирација на првите изложени дела.

Изложбата ја отвори директорката на ЈОУБ „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ