ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

март 16, 2025
0 минути

Општина Кочани ја известува јавноста дека ЈЗУ Општа Болница Кочани располага со потребните ресурси, крвни единици и целиот персонал е екипиран за интервенции.

Истовремено сите институции Општина Кочани, МВР ОВР Кочани, Јавното обвинителство, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната Противпожарна единица Кочани координирано работат на терен за расветлување на случајот.

Денеска е закажана и вонредна седница на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар на вториот кат со почеток во 15 часот, а ќе биде отворена и наменска сметка.

Најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите.

Со подетални информации ќе излезат и надлежните институции.