ИЗВИДНИЦИТЕ ИМ УКАЖАА ПОЧИТ НА КОЧАНСКИТЕ ХЕРОИ

март 19, 2023
1 min read

Членовите на ИО „Ластовица“ од Кочани уште еднаш покажаа како треба да се негува и почитува историското и национално минато.

Тие во саботата на 18.3.2023 година, организраа почесен марш до селото Главовица, каде положија цвеќе на споменикот на Љупчо Сантов и Раде Кратовче.

На 23.3.1944 година првоборците од Кочани на тоа место биле убиени од полицијата на бугарскиот окупатор, откако претходно биле предадени од овчарчето Атанас Митков.

Во маршот учествуваа триесет извидници, а беа придружувани и од искусни планинари, членови на КПС „Москито“ од Кочани. Маршот започна од селото Цера и беше во должина од 10 км. Исто така учесниците на маршот имаа можност да го посетат и манасторот „Покров на пресвета Богородица“ во месноста Еленец.

ИО„Ластовица“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ