ИЗВРШЕНО МАРКИРАЊЕ НА ПЛАНИНАРСКАТА ПАТЕКА ОД ПОНИКВА ДО ВРВОТ ПАНАЃУР

Во Спорт
август 1, 2023
1 минути

Во неделата  ПСК “Осогово“ целосно ја мaркира новата планинарската патека и прва од ваков тип на Пониква, патека која е наменета за сите љубители на природата и пешачењето.

Патеката започнува од паркингот на спортскиот центар Пониква до највисокиот врв на Пониква врвот Панагур 1669 мнв и назад до паркингот од каде започнува.

Патеката е во должина од околу 9 км кружна и е од лесен карактер и истата ке биде користена почесто од гостите кој престојуват во сместувачките локалитети на Пониква и др. На самиот врв наскоро ке биде поставено прекрасно обележије и неколку клупи попатно покрај самата патека.

Маркирањето е изведено согласно важечките законски прописи и правила во Македонија со поставување кружна маркација (Кнафелцова ознака) и Земна Лентовна маркација на камења.

За време маркирањето се корегирани сите неправилни маркации а погрешните се целосно се избришани.

Акцијата ја реализираа членовите на ПСК „Осогово“ од Кочани и истата ја водеше Тошо Антов лиценциран Маркацист при ФПСМ.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ