ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ УСПЕШНО И СЕ ПРЕТСТАВИ НА ПУБЛИКАТА ВО СРБИЈА

август 1, 2023
1 минути

Од 28-31 јули Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари успешно го презентираше изворниот фолклор од Осоговијата во Србија.

На 28 јули ансамблот од Оризари беше дел од XIV-от Меѓународен фолклорен фестивал „Босилеградско Крајиште пее и игра“ во Босилеград, каде што покрај настапите имаше натпреварувачки дел (освоено прво место во категоријата мис и мистер на вечерта во изворни носии). Членовите на ансамблот беа гости на Фолклорната секција Младост од Бодилеград.

Од 29-31 јули, Ансамблот беше гостин на забратименото КУД „Чарапанка“, с. Крвавица, Крушевац, каде што по повод верскиот празник Огнена Марија се одржа концерт во домот на културата во с. Крвавица. Членовите на Ансамблот заедно со домаќините од Крвавица дел од слободното време го искористија за посета на аква паркот во Рибарски бањи. Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на Меѓународен Фолклорен фестивал во Тиват, Црна Гора.

ФА  „Љупчо Сантов“ – Оризари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ