До почетокот на школската година останува уште неколку дена а родителите на децата ученици од ова училиште со право се прашуваат дали улицата „Борис Трајковски“ која се прави неколку месеци ама никако да се направи е безбедна за учениците.
Фотографиите што ни ги испратија а и во прилог што го доставија текстот не зборува за некаква кој знае каква безбедност особено на педесетина метри пред училиштето. Кривината никако не е поправена а на самиот тротоар се оставени петнаесетина сантиметри простор за да можат дечињата да се движат.
Напоменуваат дека и директорот на училиштето кога започнала улицата да се надоградува да реагирал навреме до надлежните и да ги запознал со овој ни малку наивен проблем. Изведувачот требало да биде информиран дека овде во тоа училиште наставата ја посетуваат дечиња од прво-деветто одделени и истиот да побара дозвола да ја малку уреди кривината за да кожат дечињата безбедно да се движат по тротоарот,
Зошто никој не реагирал нека дадат одговор самите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ