ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

август 1, 2023
0 минути

Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и Награда за животно дело.

Наградата за значајни остварувања се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани и е во форма на плакета.

Наградата за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

Предлозите за доделување на наградите, кои треба да бидат образложени, се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, до 25.08.2023 година.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ