ЈАВЕН ПОВИК

септември 29, 2025
1 минути

Отворен ден за посета на Центарот за управување со отпад на друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани

Почитувани граѓани и заинтересирани лица, Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со задоволство Ве поканува и Ве информира дека во соработка со друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, организира отворен ден, на кој сите заинтересирани граѓани и правни лица ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа и процесите на собирање и третман на неопасен отпад.

Отворениот ден е предвидено да се одржи на ден 30.09.2025 година, од 11 до 15 часот, на локација на ул. Осоговски Конгрес бр. 102 во Кочани.

Ве охрабруваме да присуствувате и да се запознаете со начинот на управувањето и третманот со неопасен отпад во Центарот за управување со неопасен отпад на друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани на ул. Осоговски Конгрес бр.102 во Кочани.

ВЛЕЗОТ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ! Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО-ТИМ ИСТОК Кочани, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.“

Екопроект-КО ДОО Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ