ЈОВАН ДОЈЧИНОВ И ДРАГАН ПАУНОВ ПОТПИШАА ЗА „СЛОГА 1934“

Во Спорт
јануари 10, 2023
1 минути

Како што е објавено на страната на „Слога 1934“ – Виница од денес за второлигашот е побогат за две нови имиња, Јован Дојчинов и Драган Паунов.

И двајцата во „Слога 1934“ дојдоа од екипата на „Осогово“ од Кочани.

Драган Паунов на зелениот терен се враќа по пауза од близу две години, додека Јован Дојчинов во минатото првенство во Втора Фудбалска Лига – Исток како и во есенскиот дел од првенството важеше за еден од подобрите играчи на „жолто-сините“.

Која е причината за заминувањето на Дојчинов во второлигашот од Виница не ни се познати, но тој беше еден од столбовите на кого ќе се  градеше играта во идните години кога е во прашање „Осогово“.

На двајцата им посакуваме среќа во новиот клуб.

С.  Ивановски