КАДЕ СЕ СЕГА ЕКИПИТЕ НА КЈП „ВОДОВОД“?

јули 28, 2022
0 минути

„Ние жителите од сега популарната улица Бел камен во Кочани јавно прашуваме каде се сега екипите од КЈП Водовод и нивниот адвокат да дојдат да видат што се се случува од она што со години го поправаат ама никако да го направат. Синоќешниот дожд и нивната немарност донесоа неколкуте куќи и дворови да бидат поплавени. Се јавуваме да дојдат и да помогнат да ја исфрлат водата а од таму ни одговараат дека не им биле исправни пумпите за извлекување на водата и дека немале доволен број на луѓе за таа работа. Епа ако е така ако мора ние сами да си ги средуваме работите за кои ние на нив преку сметките им плаќаме додека не го отстранат дефектот да не ни фактурираат. На мислење сме дека намерно не доваѓаат да интервенираат поради неодамнешните случувања кои тие ги предизвикаа за што еве денес го гледате одговорот. Ќе побараме експертиза на овој за нас сега веќе проблем и доколку се докаже дека се е поради вина на комуналците ќе бараме Водовод да ги плати сите трошоци и нашата штета“ стои во писменото соопштение што заедно со фотографиите пред малку ни беше испратено.

С. Ивановски