ЈАВЕН ПОВИК – ПРЕДЛОЗИ ЗА НАГРАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

јули 28, 2022
0 минути

Се известуваат граѓаните дека Општина Кочани доделува Награда на Општина Кочани за значајни остварувања на општината. Оваа награда се доделува на поединци, група творци, екипи установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Општина Кочани доделува и Награда на Општина Кочани за животно дело, којашто се доделува во случаи на исклучителни резултати и постигнувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: „Раде Кратовче“ бр.1.

Наградите се во форма на плакета.

Јавниот повик трае од 01.08.2022 година до 25.08.2022 година.

Општина  Кочани