КАМИОН НАТОВАРЕН СО ГАЈБА ПИЈАЛАЦИ НА ПЛАТОТО ПРЕД БЛОКОТ „А“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР

јули 19, 2022
0 минути

Се додека нешто не видиме не можеме да веруваме само на кажаното, но овој пат оваа фотографија кажува се.

Направена е утринава во 08:15 часот на платото во Трговскиот Центар во блок „А“ веднаш спроти обложувалницата „Златна копачка“.

На фотографијата јасно се не гледа неморалното однесување на поединци. Се гледа како го паркирал малиот камион (по се изгледа ја користел патеката за лицата со посебни потреби) горе врз мермерните плочи, и се растовараат полни гајби со пијалак.

„Си се качи со натоварениот камион со гајби и мува не го лази, па после сите се чудиме како тоа се оштетуваат мермерните плочи“ беше изјавата на еден од жителите од овој блок, сведок на настанот.

Значи, еве работа за оние кои треба да го штитат заедничкиот имот на граѓаните.

Дел од жителите што живеат во блокот „А“ се прашуваат, ќе има ли некој да го поткрене и да го санкционира ова самоволие?.

Очекуваме Соопштение од надлежните служби.

С. Ивановски