СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНОТО ТЕРЕСТИЧКО И АВИО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

јули 19, 2022
0 минути

Во текот на синоќешните и денешните рани утрински часови беа спроведени двете превентивни прскања и третирања за заштита од комарци.

Синоќа, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Беа опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Денеска во раните утрински часови стручни екипи на Друштво за авио услуги Бониер ДООЕЛ Куманово ја спроведоа втората фаза од авио третирањето против комарци. Со авио третирањето беа опфатени површините во градското подрачје Кочани и низинските села кои припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Општина  Кочани