Црна хроника
СЕ ЗАПАЛИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО МОЈАНЦИ, ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА
Вечерва околу 20:30 часот во Пречистената станица за отпадни води во село Мијанци се запалила инсталацијата во близина на балонот со метан. Интервенирано е со 4 возила и 8 пожарникари од ТППЕ – Кочани и 1 возило со 4 пожарникари од ДПД – Кочани. Гаснењето на пожарот било со пенило и со ПП апарати со…
ВАНДАЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ ГО УНИШТИ ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН ВО ГОРНИ ПОДЛОГ
Оштетен терен од гуми на возило, и истурено улје на самиот терен е епилогот по вандалското однесување на поединци по синоќешното нивно лудување на фудбалскиот терен во село Горни Подлог. Како што се уверивме на самото место, игралиштето кое со години го користи и одржува „Фудбал Старс“ – Кочани иако оградено главната врата е извадена…
ДОЈАВА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА ГИ ВОЗНЕМИРИ ВРАБОТЕНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ
Дојава за поставена бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани ги вознемири вработените и учениците. Веднаш е прекината наставата, учениците се евакуирани согласно Планот за евакуација и Протоколот за дојава на бомби и учениците се пуштени дома. Инспектори од ОВР Кочани го пребараа училиштето и спортската сала по што е констатирано за лажна…
ПОПЛАВИТЕ НАПРАВИЛЕ ГОЛЕМА ШТЕТА КАЈ ВОДОПАДОТ НА ГОЛЕМА РЕКА
Како што ни јавуваат наши читатели поројните дождови што минатиот месец го зафатија нашиот регион имаат направено поголема материјална штета на Голема Река кај „Водопадот“. Имено мостот кој го користеа туристите за да поминат од едниот крај на другиот на реката е однесен и се наоѓа подолу на околу педесетина метри заглавен во врбите. Однесена…
ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЛИЦЕ СЕ ЗДОБИЛО СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ
На 04.03.2026 во 06:55 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „мазда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Л.(57) од Кочани, удрило во Д.К.(47) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.К., констатирани во болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од…
IN MEMORIAM
Почина Лазар Веселинов првиот Градоначалник на Општина Кочани, функција што ја извршуваше во периодот ма 1996-2000 година. Пред стапување на функцијата Градоначалник, Веселинов како дипломиран технолог работеше во Фабриката за целулоза и хартија – Кочани а повеќе години ја извршуваше и функцијата Директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Нека му е вечна слава. КОМЕНТАРИТЕ СО …
ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, ВОЗЕЛ СО 1,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
На 23.02.2026 во 03:30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода П.П.(23) од с.Лески, виничко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека…
ВАНДАЛИТЕ НЕ МИРУВААТ, ЌЕ ИМ ЗАСТАНЕ ЛИ НЕКОЈ НА ПАТОТ
Како што не информираат наши сограѓани кои живеат во близина на СРЦ „бавчалук“ по кратко време повторно се врати вандализмот на овој потег во градот. Ако во минатото група моторџии го уништуваа зеленилото со своите мотори, се изживуваа на на детските реквизити и ги вознемируваа жителите на овој потег во градот, сега се нафрлија на…
ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ЖИТЕЛ НА ОРИЗАРИ, ВОЗЕЛ СО 2,14 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека…
ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВОЗАЧИ, ЕДНИОТ УПРАВУВАЛ ВОЗИЛО ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА А ДРУГИОТ НЕМАЛ ДОЗВОЛА
На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од с.Карбинци, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за…
