екологија
ВО ЧЕСТ И СПОМЕН НА ТРАГИЧНО ПОЧИНАТИТЕ СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ, КПС „ОСОГОВОСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ ЗАСАДИ 300 БАГРЕМИ
На 16 Март се навршува една година од трагичната загуба на нашите драги членови Ѓорѓи и Диме. Нивната љубов кон планината, природата и другарството засекогаш ќе остане дел од нашиот клуб и од сите нас што ги познававме. Во нивна чест и спомен, денес беа посадени 300 багреми – како симбол на животот, сеќавањето и…
ОПШТИНА КОЧАНИ ПРОДОЛЖУВА СО ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоари на улици во централното градско подрачје: „Стево Теодосиевски“, „Тодосија Паунов“, „Борис Трајковски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и др. Во рамки на акцијата се засадени нови садници…
РАСЧИСТЕН ЗАПУШТЕНИОТ ПРОСТОР ОКОЛУ НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ТУРИСТ“
Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со вегетација и нечиста, е целосно расчистена. Општина Кочани реализираше акција за уредување и чистење на овој простор со цел подобрување на јавната хигиена на овој простор. Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен…
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА НА ЛИЦА ЗА ОБУКА ЗА ПРАВИЛНО СОБИРАЊЕ И СЕЛЕКТИРАЊЕ НА НЕОПАСЕН ОТПАД
Почитувани граѓани и заинтересирани лица, Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со задоволство Ве поканува и Ве информира дека во соработка со друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, организира Обуки за правилно собирање и селекција на неопасен отпад, на кој сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со процесите…
КЈП „ВОДОВОД“ СО ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ КАЈ АСНОМ
Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ континуирано се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните…
ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ НА ПОНИКВА
Со помош на механизација, денеска беше отстранет комуналниот отпад насобран околу контејнерите поставени на Пониква, на Осоговските Планини. Вработени од КЈП „Водовод“ ги исчистија загадените површини на паркингот кај одморалиштето, кај манастирот „Св. Василиј Велики“ и во месноста Аеродром. Комуналните служби продолжуваат со интензивни активности и во градското подрачје и во населени места од општина…
ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ ВО КРУГОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ЗГРАДИ ВО НАСЕЛБАТА БЕЈРУТ И КАЈ ПАНАЃУРОТ
Огромни количини комунален и кабаст отпад насобран околу контејнерите и во околината на социјалните згради во населбата Бејрут денеска беше отстранет со помош на механизација. Вработени од КЈП „Водовод“ и општинските комунални служби, неколку часа интензивно работеа на изнесување на отпадот. Исчистените површини беа испрани со млазови вода, по што состојбата и во овој дел…
ОДРЖАНА ЈАВНА ТРИБИНА „НАМАЛУВАЊЕ НА ОТПАДОТ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИ РЕГУЛАТИВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАДОТ“
Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, во рамки на проектот „ Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани “, одржа Јавна трибина на тема: „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за…
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО И УРЕДУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ И НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Деновиве продолжуваат активностите за чистење и уредување на јавните и на зелените површини во Кочани. Искосен и уреден е обраснатиот кеј во коритото на Кочанска Река како и пешачките патеки во околината на месноста Бавчалук. Теренски активности за собирање на натрупан смет се спроведоа во новиот комплекс згради во населбата Текешински Лозја. Комуналните служби апелираат…
КОМУНАЛНИТЕ СЛУЖБИ РАБОТАТ ВО ГРАДСКИОТ ПАЗАР И НА ВЛЕЗОТ ВО ГРАДОТ КАЈ ПРОКАРКА
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и службите од Општина Кочани денеска работеа на расчистување на дел од Градскиот пазар. Активноста е со цел да се исчисти околината на јавниот тоалет од обраснатата вегетација и да се создадат оптимални услови за негова реконструкција. Брза интервенција за поправка на лошата состојба во која се наоѓаат јавните тоалети во…
