Економија

ПРОБНОТО МАШИНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВИ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК – УСПЕШНО
Делови од Градскиот парк пробно беа чистени со вода под висок притисок. Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека машинското чистење со воден притисок во Градскиот парк се покажа успешно, за разлика од претходно користените машини за чистење на гранитните плочки во Трговскиот центар. Пробно беа исчистени чистеа делови од Детското игралиште во Градскиот парк,…

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“
Претпладнево почна асфалтирањето на дел од улицата „Димитар Влахов“, на потегот од Стришанска Чешма до ТА „Вел-јан“. Градежните активности се дел од реконструкцијата на оваа улица, а во рамките на изградбата на втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Овој проект ја опфаќа и изградбата на кружниот тек кај „Вел-јан“, кој се асфалтира денеска. Општина …

ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕСНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“
Во текот на денешниот ден се извршуваат подготвителни активности за асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“. Истовремено се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре започнува асфалтирањето на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“ и се апелира кон зголемена претпазливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Општина Кочани

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ДВЕ УЛИЦИ – ВО КОЧАНИ И ВО СЕЛО ТРКАЊЕ
Започна реконструкцијата на улицата „Јордан Зафиров“ и подготовките за асфалтирање. Деновиве беше извршено тампонирање на дел од улицата, а во периодот којшто следува ќе бидат поставени ивичњаци. Истовремено започна тампонирањето и на дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Тркање. Општина Кочани

ЌЕ СЕ ДОВЕДЕ ЛИ ВО РЕД ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНИОТ КОМИТЕТ?
И кога има врнежи и кога нема на паркинг просторот лоциран зад зградата на некогашниот „Комитет“ е вистински хаос. Станарите од зградите околу паркингот протестираат поради тоа што честопати непоканети лица за да не плаќаат паркинг простор а сакаат да си уживаат по кафулињата ги паркираат своите возила кои стојат понекогаш и по цел ден,…

ПОСТАВЕНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАРИОТ ГРАДСКИ ПАРК
Во склоп на комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот, по расчистувањето на стариот Градски Парк, деновиве беше поставено и пуштено во функција новото јавно осветлување во паркот. Во периодот којшто следува ќе бидат поставени корпи за отпадоци, клупи и фонтана. Општина Кочани

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВРШНО АСФАЛТИРАЊЕ ОД ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА ДО НАДВОЗНИК КАЈ „ПРИМА“
Ве известуваме дека во периодот од 19.08.2022 до 21.08.2022 година ќе се изведува завршно асфалтирање на потег од Подлошка крстосница до надвозник „Прима“ на регионалниот пат Штип- Кочани. Согласно времената измена на режим на сообраќај при затварање на оваа делница од државен пат А3, сообраќајот привремено ќе се одвива по новоизградената девијација, по раскрсницата кај…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ИЗВЕДУВАЊЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦИТЕ „НИКОЛА КАРЕВ“ И „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека од 05.08.2022 до 08.08.2022 година ќе се врши замена на сливните решетки на улица „Никола Карев“ и улица „Тодосија Паунов“. Со превземање на овие мерки за интервентно одржување и поправка, а во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за…

СЕ ВРШИ ЗАМЕНА НА СТАРИТЕ СЛИВНИ РЕШЕТКИ НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА
Почнувајќи од денеска, па се до вторник ќе се врши замена на старите дотраени сливни решетки на атмосферска канализација на улицата „Страшо Ербапче“ и дел од улицата „Димитар Влахов“. Ќе бидат заменети вкупно четири сливни решетки, изработени од моноблок полимер бетон, лиени, со цврста конструкција, со што нема можност за надворешни оштетувања од возилата. Во…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ И АСФАЛТИРАЊЕ НА КРУЖЕН ТЕК КАЈ „НАЦИОНАЛ“
Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека денеска, 29.07.2022год. во тек се завршните работни активности за асфалтирање на кружниот тек кај „Национал“ Кочани. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост, по можност користење…