МОМЕНТНО СЕ ЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО И ПАТЕКАТА ЗА РЕКРЕАЦИЈА КОН „БАВЧАЛУК“

октомври 28, 2022
0 минути

Во моментот екипи од КЈП „Водовод“ го чистат речното корито и и новата патека за рекреација кон „Бавчалук“.

Изминатите денови голем број граѓани реагираа на неодржувањето на овој потек бидејќи и патеката и реката беа обраснати со висока трева, а кога ќе се додадат и искршените канти за ѓубре сликата беше повеќе од грда.

Ова е нов момент, се чисти овој потег кој се надеваме дека во иднина ќе се одржува во континуитет.

С. Ивановски