празници

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН, КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА
Синоќа, во дворот на црквата „Свети великомаченик Георгиј“, во организација на Општина Кочани се одржа концерт на духовна музика со една од најголемите дами на македонската песна Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“. Публиката имаше можност да ја проследи интерпретацијата на „Богородице, Дево“, „Света Дево Владичице“, „Свети Боже“, „Терирем“, „Тропар на Св. Петка Римјанка“, „Тропар…

ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА ВО КОЧАНИ
По повод празникот на Кочани, Петровден синоќа во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа вечерна празнична богослужба на која чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По службата беше организирана литија и осветување и кршење на празничниот колач во Градскиот парк, каде свештениците и верниците упатија молитви за здравје и благосостојба. „На градоначалникот и на сите луѓе…

ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ЉУПЧО ПАПАЗОВ
По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи…

ТРИБИНА: „РОМИТЕ ВО КОЧАНИ ДЕНЕС“
Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе…

ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8 АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
Општина Кочани започна со одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите во соработка со ромски граѓански здруженија. Утрово на јарболите пред општинската зграда беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница. Одбележувањето на 8 Април ќе продолжи на 11 април со одржување на трибина под наслов „Ромите…

ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ УПАТИЈА ПОРАКА, ЧЕСТИТ 8. МАРТ
Деновиве во сите објекти на градинката ,,Павлина Велјанова“ се одржаа приредби во чест на празникот на жената. Најубавата честитка дамите ја добија токму од овде……. Само една детска насмевка е доволна да ги стопли срцата на сите мајки, тетки, баби, учителкии. Честит празник дами ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ …

КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ЧЕСТИТКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани денес ја продолжи кампањата за безбедност во сообраќајот, во знакот на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Сообраќајната патрола делеше информативни летоци со пораки за внимателно и безбедно движење и управување на…

ОСТАНУВААТ ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА, ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 29-ТИ НОЕМВРИ
Членовите на Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани, и денес како и години на назад одбележаа уште еден голем празник кои сите со гордост го празнуваа и почитуваа во времето на Југославија, денес на достоинствен начин го прославија 29-ти Ноември, роденденот на Југославија. Членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ најпрвин се собраа во…

ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
По повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев, како и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот…