Спорт

ОД ОСУМТЕ КАРАТИСТИ НА „КОЧАНИ“, ШЕСТ СЕ ЗАКИТИЈА СО МЕДАЛИ
Во организација на Карате Клуб „Цветан Димов“ од Скопје а по повод 50 години Карате Клуб „Цветан Димов“ и спомен на прерано починатиот Игор Лазарев, во саботата во Скопје се одржа Меѓународен карате турнир „Гран При – Скопје 2024“. На турнирот учествуваа повеќе од 600 натпреварувачи од: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија,…

„ЖЕТВАРИТЕ“ ИЗГУБЕНИ И ПОНИЖЕНИ ВО НОВАЦИ
Само што навивачите на „Осогово“ се зарадуваа на победата против „Победа“ во 12-тото коло, кога веќе во наредното 13-то на гостувањето во Новаци го доживеаја еден од потешките порази за клубот кој годинава слави еден век постоење. „Новаци“ како домаќин го демолира „Осогово“ и го совлада со 5:0 (3:0) по што ги вратија „жетварите“ во…

ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ОСВОЈУВАЧ НА ТРОФЕЈОТ НА 24. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“
Во организација на БК „Спартак“ од Кочани а со помош на Боречката Федерација на Македонија, Општина Кочани и локалниот бизнис сектор, денес во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа 24. издание на Меморијалниот Меѓународен турнир во борење, слободен стил „Легендите на Спартак“ кој е продолжение на турнирот „Андонов-Колев“. На турнирот учествуваа…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЌЕ БАРА ПОБЕДА ВО НОВАЦИ
По една седмица пауза поради обврските на Македонската Фудбалска Репрезентација, во Сабота продолжуваат натпреварите во Втора Фидбалска Лига. На програмата е 13-тото коло во кое неколку натпревари го привлекуваат вниманието на љубителите на фудбалот. „Осогово“ осоколено после мошне добрата и ефикасна игра против „Победа“ во претходното коло со надеж за освојување на три бода патува…

ВО САБОТА 24. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“
Во Сабота (23.11.2024 година) во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани, на програмата е 24-тото издание на Меморијалниот Меѓународниот турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“. Натпреварите започнуваат во 11:00 часот, а за во 14:30 часот е закажано свеченото отворање. Турнирот ќе финишира од 15:00 часот кога започнуваат финалните борби. На турнирот…

ПО ЕДЕН ЗЛАТЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ТУРНИРОТ „ШКУПИ ОПЕН 2024“
Во организација на БК „Шкупи“ од Скопје, денес во спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа Меѓународен турнир во борење слободен стил У-15 „Шкупи Опен 2024“. На турнирот учествуваа повеќе од 200 борачи од 10 држави: САД, Словачка, Франција, Турција, Австрија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и домаќинот Република Македонија. БК „Спартак“…

ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА, ВО САБОТА „БАСКЕТ ДИНО“ – „ВАРДАР“
Поради откажувањето на „Баскет Кам“ од настапите во Трета Кошаркарска Лига и поради новиот распоред , утре (Сабота) во Кочани во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ кочанчани ќе им се претстават на своите навивачи. Досега „Баскет Дино“ беше слободен па така утре ќе го игра првиот натпревар во оваа сезона, натпреварот е од „Б“…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК „СЛОГА 1934“ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН
Викендот со одигрувањето на натпреварите од 9-тото последно есенско коло завршија натпреварите од есенскиот дел на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Со осум победи и само еден пораз екипата на „Слога 1934“ од Виница е есенскиот шампион со добра бодовна разлика од второпкасираната екипа на „Овче Поле“ што на виничани им дава за…

ДВЕ СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА „ТРОФЕЈ ШТИПСКИ БОРЕЧКИ АСОВИ“
Во организација на БК „Балканец“ – Штип во неделата во градот под Исарот се одржа Меѓународниот турнир во борење во слободен стил „Трофеј Штипски боречки асови“.На турнирот зедоа учество шест борачи од БК „Спартак“ кои освоија две сребрени медали. Даријан Павлев во категоријата до 68 килограми и Јован Илијев во категоријата до 52 килограми ги…

„ОСОГОВО“ ЈА НАДИГРА И ТОРПЕДИРА „ПОБЕДА“
Кога ќе се остави срцето на теренот, доаѓа и добрата игра а и поволниот резултат. Така денес изгледаше првенствениот натпревар од 12=тото коло во Втора Фудбалска Лига, „Осогово“-„Победа“. Кочанчани денес ја посакуваа повеќе од се победата, го одиграа најдобриот и најефикасниот натпревар во ова првенство и носени на крилјата на навивачката група „Сејмени“ ја торпедираа…