Спорт
УСПЕШЕН НАСТАП НА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ОЛИМПИК ОПЕН“
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија во саботата се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Очимпик Опен 2025“. На еден од најголемите карате турнири што се организира во Македонија годинава учествуваа повеќе од илјада натпреварувачи од повеќе земји. Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 20 натпреварувачи кои освоија вкупно 23 медали“. Во категоријата „Кати“ освоени се…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЧАНИ МРЕЖИТЕ МИРУВАА
Во рамките на 24-тото коло од Втората Фудбалска Лига во Кочани „Осогово“ и „Беласица“ одиграа слаб и здодевен натпревар. Ако во првото полувреме нешто и се случуваше особено пред голот на гостите, во вториот дел гледачите не видоа речиси ништо, двете екипи упатија само по еден директен удар кон противничките голмани. „Осогово“ овој значаен натпревар…
ПЕТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА „ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ У-17, ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ДРЖАВЕН ПРВАК“
Во организација на Боречката федерација на македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ – Штип, денес во „градот под Исарот“ се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за кадети и борење на жени У-17“. Борачите на „Спартак“ на првенството учествуваа со 10 борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија 1 златен и 4…
СУДИСКИОТ АКТИВ ПРИ ОФС КОЧАНИ СО ШЕСТ НОВИ МЛАДИ СУДИИ МЕЃУ КОИ И ЕДНА ДЕВОЈКА
Денес во просториите на ОФС – Кочани, Судискиот актив при ОФС – Кочани го одржа својот редовен состанок на кој присутните дебатираа по неколку точки. -Најпрвин беше направена анализа на досегашниот дел од пролетната сезона на која судеа и беа делегирани службени лица од Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани. -Постигнат е договор во секој од…
РЕАКЦИЈА ОД ОФК „КАРБИНЦИ“ НА ОДЛУКАТА ДОНЕСЕНА ОД ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК
Почитувани, од името на Управата на ОФК Карбинци, ви доставувам реакција на Одлуката на Комисијата на Третата фудбалска лига – Исток по однос на жалба на нашиот клуб за натпреварот со ФК Овче Поле од Свети Николе, одигран во недела, 6 април, на кој ОФК Карбинци е оштетен, но Комисијата за натпревари ја одби жалбата…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА „БЕЛАСИЦА“
Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Првопласираните четири екипи имаат тешки и неизвесни гостувања додека екипите кои се борат за зачувување на второлигашкиот статус ќе се борат за секој бод, за секој погодок. Осогово кое грчевито се бори за опстанок во лигата во ова…
СУДЕЊЕТО, РАК-РАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ?
Можат да се сменат колку и да сакат постави во ФФМ, но навиките не се искоренуваат бидејќи ново-старите делегати по навика си тераат по свое, толку се пасивни што ништо речиси не ги интересира кога е во прашање тонењето на Македонскиот фудбал. Таман малку кај некои се роди надеж дека со новото раководство и новиот…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, НА ВРВОТ БЕЗ ПРОМЕНИ
По лоши услови за игра се одиграа натпреварите од 11-тото во Втора Фудбалска Лига за жени. На четирите натпревари постигнати се 24 погодоци или во просек по 6 на натпревар. Првопласираните четири екипи забележаа победи па така табелата остана без промени. Со головите на Веселинова во 2’, Салихи во 4’9’25’47’ 57’62’74’ и Стојковска во 17’59’68’…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК. ЛИДЕРОТ „СЛОГА 1934“ ГО РАЗМОНТИРА „ХОРИЗОНТ ТУРНОВО“
Се одиграа натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Слога 1934“ како домаќин си поигра со екипата на „Хоризонт Турново“совладувајки го во Виница со рекордни 15:0 (6:0). Дерби натпреварот во Свети Николе им припадна на домаќините кои мошне добрата екипа на Карбинци ја совладаа со минимален резултат. „Тиверија“ како…
ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР СТРАНСКИ БОРАЧ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ЗЛАТИ ДИНЕВ“ ВО БУГАРИЈА
Даријан Павлев како единствен претставник на БК „Спартак“ од Кочани од 04-06 Април учествуваше на Меѓународниот турнир во борење „Злати Динев“ кој се одржа во Галабово (Република Бугарија). На турнирот зедоа учество повеќе од сто борачи од Македонија, Бугарија, Турција и Украина. Даријан Павлев настапи во категоријата до 68 килограми во која ги забележа сите…
