Забава

ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT. Традиционално, учесниците на овој настан возат на…

ПРОГРАМА ЗА 33. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“
Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември. Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева. Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од…

ГОДИНЕШНИОТ ТУРНИР ВО БАСКЕТ „3 Х 3“ ЗА ЕКИПАТА НА „ФУРИЈА БИТОЛА“
По тридневни возбудувања на заградениот терен за кошарка во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, синоќа заврши вториот по ред Турнир во баскет „3 х 3“. За разлика од минатата година на годинешниот турнир се пријавија екипи и од други општини во Македонија што даде посебна убавина…

ЗАВРШЕН ДЕН НА ТУРНИРОТ ВО БАСКЕТ „3Х3“
По дводневни интересни и неизвесни натпревари годинешниот турнир во баскет „3х3“ влегува во својата завршница. Денес, последниот ден од турнирот најдобрите осум екипи ќе се борат за највисокото место. Инаку денес со почеток во 17:00 часот на програмата се четврт финалните натпревари во кои се среќаваат: Даст инг – Мр. Блек Фурија Битола – Змајеви…

И КОЧАНИ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНОТО МОТО-РЕЛИ „МАКЕДОНИЈА НЕЗАВИСНОСТ“
Кочани по петти пат годинава беше попатна станица како дел од Меѓународното мото-рели „Македонија независност“ кое по 33-ти пат го организира Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Домаќин на околу 400 мотоциклисти и годинава беше Мото Клуб „Желки“ од Кочани кој на своите гости им обезбеди храна, пијалаци и неколку часа одмор пред долгиот пат кој треба…

ВТОРИОТ ТУРНИР ВО БАСКЕТ „3Х3“, ЗА ВРЕМЕ НА СЕПТЕМВРИСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА
За време на септемвриските празнувања; 7-ми Септември – денот на ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември – денот на независноста на Република Македонија на заградените терени во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одржи вториот по ред турнир во баскет „3Х3“. По тој повод организаторот на манифестацијата го…

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО ВО УМЕТНИЧКИОТ ПЕРФОРМАНС „ИЗБОР НА ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА“
По повод 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ што ќе се одржи од 26 до 29 септември, Општина Кочани планира да организира Избор на жетварска убавица – уметнички перформанс. Со цел да ја промовира убавината и улогата на жената во традицијата на оризопроизводството, Општина Кочани ќе обезбеди високи награди за жетварската убавица и двете придружнички….

ВО ПЕТОК ГОЛЕМ МУЗИЧКИ НАСТАН НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ
На 16 август (петок), светски познатата дискографска куќа Cafe De Anatolia и Alfa Events ќе организираат неверојатен музички настан на Споменик на слободата, Кочани. Споменик на слободата е избран како локација поради неговата историска и културна важност, која додава посебна атмосфера на настанот. Оваа локација е и симболична бидејќи ова е првиот настан на Cafe…

ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА ЛЕТУВАА НА ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ ПАГ
Првенците на генерацијата од кочанските основни училишта седум дена летуваа на хрватскиот остров Паг. Ова е награда за постигнатите успеси во школувањето, а летувањето на Паг е обезбедено од Општина Кочани и претставува резултат на повеќегодишната соработка со збратимената Општина Крижевци. Според информациите на Аника Илијевска Георгиева, придружба на учениците од Општина Кочани, патувањето и…

ОДРЖАН МУЗИЧКО-ПОЕТСКИ НАСТАН „ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ВО КОЧАНИ
Во рамките на програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани, синоќа во салата на Мултикултурниот центар се одржа музичко-поетскиот настан од проектот „Подобро општество за слепите лица во Кочани.“ Во организација на Здружението „Еднакви за сите“, беа претставени реализираните активности и постигнатите резултати од проектот што беше реализиран преку Регионалната програма за локална демократија…