Земјоделие
ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ (ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРИЗ) НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Одборот за организирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ објави оглас за избор на најуспешен земјоделец (оризопроизводител) на општина Кочани. Наградата е парична и изнесува 60 илјади денари. Условите, критериумите за доделување на наградата и начинот за пријавување се објавени на огласната табла пред општинската зграда и на веб-страницата на Општина Кочани. Крајниот…
ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2022 – ПОВИК
Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ ги повикува заинтересираните институции, здруженија, организации и поединци кои сакаат да се претстават на манифестацијата со штандови да искажат интерес во Општина Кочани. На штандовите можат да се изложуваат производи, домашни ракотворби, изработки од ориз, здрава или органски произведена храна, уметнички креации и сл. На…
ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ БАРААТ МИНИМАЛНА ОТКУПНА ЦЕНА ОД 40 ДЕНАРИ ЗА АРПАТА
Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека…
ОТСТРАНЕТ СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ НА ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ ВО АТАРОТ НА ОРИЗАРИ, ВОДАТА ОД БРАНАТА „КАЛИМАНЦИ“ ЗАПРЕНА 24 ЧАСА
Десетина работници со опрема и механизација на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани беа ангажирани во изминатото деноноќие на отстранување на сериозен дефект на десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“. Поради огромниот воден притисок дошло до оштетување на механизмот за контрола на испустот, но со брзата интервенција спречени се поголеми загуби на вода и поплавување на…
ПРОТЕСТ – ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО АТАРОТ НА БАЊА И ТРКАЊЕ, БАРААТ ПРИСТАП ДО НИВИТЕ ПО ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ
Протест поради одземениот сообраќаен пристап до нивите по изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани денеска организираа сопственици на земјоделско земјиште во атарот на кочанските села Тркање и Бања. Дополнителен проблем е отежнатиот влез во селото Тркање, па возилата ќе мораат да обиколуваат неколку километри за да можат да се приклучат на експресната коловозна лента….
ЗЕМЈОДЕЛКИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОРИЗАРИ
Во рамките на повеќедневниот престој во Македонија, педесет и пет земјоделки, членки на Федерацијата на жени фармери од Република Словенија, денеска остварија средба со жителки од Оризари. На средбата се разговараше за предизвиците во земјоделството и можностите за размена на искуства, а Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ подготви презентација на традиционална храна. Гостите од Словенија ги…
УБАВА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ИМА ДОВОЛНО КОЛИЧИНА ВОДА ВО АКУМУЛАЦИИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА
Снегот и дождовите ги наполнија акумулационите езера Калиманци и Гратче, така да ќе има доволно вода за целосно завршување на сезоната со наводнување. Во езерото „Калиманци“ максималната количина на вода на приливот треба да изнесува 115 милиони м3 вода а во моментот во езерото се измерени 111 милиони м3 вода. Езерото „Гратче“ кое собира максимална…
ПОДДРШКА ЗА ВИСИНАТА ОД 3 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРИЗОВА АРПА
Почитувани сограѓани, Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата усвои финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на ориз и тоа: – Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран…
- 1
- 2