ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ (ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРИЗ) НА ОПШТИНА КОЧАНИ

септември 23, 2022
1 минути

Одборот за организирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ објави оглас за избор на најуспешен земјоделец (оризопроизводител) на општина Кочани.

Наградата е парична и изнесува 60 илјади денари.

Условите, критериумите за доделување на наградата и начинот за пријавување се објавени на огласната табла пред општинската зграда и на веб-страницата на Општина Кочани.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 4 октомври 2022 година до 15 часот.

Општина  Кочани