ЌЕ ГО СПРЕЧИ ЛИ ОВА НЕКОЈ?

јули 8, 2024
0 минути

Жители од населбата кај филтер станицата ни испратија фотографии со допис во кој се вели:

„Ова е моменталната состојба кај местото викано антени. Се горат гуми чии мирис ни смета на нас жителите кои живееме во непосредна близина а и чадот е доста опасен. Вака е речиси секоја вечер но никој не реагира. Овде во близината се градат дивоградби, се палат гуми но никој од надлежните тоа не го засега. Не знаме кому веќе да му се обратиме за помош. Размислуваме да испратиме една петиција до МВР, до Министерство за животна средина и до сите кои се надлежни да го спречат ова неодговорно однесување се со цел некој да ни помогне, вака не иде“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ