УКРАДЕНО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО, ПОЛИЦИЈАТА ГО ВРАТИЛА НА СОПСТВЕНИКОТ

април 20, 2024
0 минути

Во текот на вчерашниот ден (Петок) било украдено патничко моторно возило „Фиат Пунто“ кое било паркирано во близина на автобуската станица.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата од ПС Кочани возилото е пронајдено и вратено на сопственикот.

Како што дознаваме истото е вратено со неколку оштетувања. Сторителот на ова кривично дело и е познат на полицијата.

С.  Ивановски\

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ