ЌЕ СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕПОТРЕБНИТЕ ВИСЕЧКИ КАБЛИ

август 21, 2022
0 min read

Постоечките непотребни висечки кабли стануваат пробелен за  учесниците во сообраќајот и за минувачите. Откако на компаниите им заврши емитувањето на кабелските програми и ги затворија компаниите големиот број на кабли со кој речиси е покриен целиот град останаа да висат во воздухот како спомен на едно време и на една технологија.

Ни како одминува времето, каблите се олабавуваат и почнуваат да паѓаат што претставву проблем за сите.

Сведоци сме неодамна од отстранувањето најпрвин на паднат кабел на речиси еден метар од земјата на платото во трговскиот центар а потоа и на друг кој падна толку ниско што беше проблем зџа учесниците во сообраќајот.

Локалната самоуправа мора да изнајде решение како да бидат непотребните кабли отстранети кога веќе не се знае кој е нивниот сопственик.

Да се надеваме дека во најбрзо време сепак ќе се реѓи овој проблем

С. Ивановски