ПОСЛЕ ДОЖД ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ОСТАНУВА ПОД ВОДА

август 21, 2022
1 минути

После секој поголем дожд дел од улицата „Димитар Влахов“ е под вода. Лошата одводна канализација која со години наназад е проблем никој не сака да се нафати да го отстрани.

Пред неколку години апелиравме до надлежните, дојдоа и рекоа дека го отстраниле проблемот но во изминатите денови како и по вчерашниот дожд тој проблем повторно се појави.

Сопствениците на дуќаните се жалат дека вода им влегува во нивните објекти и тие мака мачат како да ја отстранат.

Проблемот е на потегот кај Градскиот Трговски Центар, Блок „А“ на улицата веднаш пред продавницата „Штил“.

Сопствениците на дуќаните апелираат до надлежните да дојдат и да го санираат проблемот бидејќи и самите знаат дека со есенските дождови пак ќе мора да ги чистат дуќаните од вода.

С. Ивановски