Месец дена како оградата во Градскиот Трговски Центар стои оштетена без некој од надлежните да изрази желба да ја доведе во првобитната положба.
Факт е дека ние луѓето сме си виновни за нејзиното оштетување. Без да се грижиме за заедничките добра, со слидно „домашно воспитување“ продолжуваме да го уништуваме она некој што се потрудил да го направи за да барем делови од Кочани личат на град. Вака како што сега стојат работите глетката е тажна бидејќи оградата е речиси во распаѓање, а истата овде е поставена пред не цели четири години.
Но што е, тоа е. Или ќе се заземат конечно надлежните да ја поправат или истата во касните вечерни часови некој ќе ја извади и ќе си ја однесе дома.
Ако тоа е целта, секоја чест.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ