КЈП „ВОДОВОД“ – ПОЛНЕЊЕ СО ПОЧВА НА НОВО ПОСТАВЕНИТЕ БЕТОНСКИ ЖАРДИНЈЕРИ

април 7, 2023
0 минути

КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево Теодосиевски”.

Поради големата должина на сообраќајниците, активностите се изведуваат етапно и синхронизирано во соработка со Општина Кочани. Во првата фаза беше поставен систем за наводнување, а сега се поставува плодна хумусна земја. Реализацијата понатаму ќе продолжи со поставување на декоративни зимзелени растенија, трева и цвеќиња.

КЈП “Водовод” Кочани до завршувањето на сите предвидени активности апелира за внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите учесници.

КЈП „Водовод“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ