ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

јуни 30, 2022
1 минути

Деновиве Територијалната противпожарна единица Кочани прими донација обезбедена од финансиски средства од Амбасадата на Народна Република Кина.

Станува збор за уред апарати за комуникација – рачна радио станица VHF 5W DMR сет сотавен од радиостаница, антена, брз полнач, адаптер, штипка за појас, слушалка со микрофон и PTT тастер.

Донацијата е во вредност од 300.000 денари.