КЈП „ВОДОВОД“ СО ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ КАЈ АСНОМ

декември 3, 2025
1 минути

Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ континуирано се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните површини, во близина на контејнерите.

Особено критична останува локацијата на северната страна од Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани, каде што и денеска службите на КЈП „Водовод“ интервенираа со механизација за да го исчистат пренатрупаниот отпад и да ја вратат уредноста на просторот. Ваквата несоодветна практика создава грда слика за околината и претставува дополнителен трошок и оптоварување за комуналниот систем.

Од Општина Кочани и КЈП „Водовод“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената комунална инфраструктура, зашто само со заедничка свест и одговорност може да се обезбеди почиста и поуредна заедница, во интерес на сите жители.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ