КОЧАНЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО 1,86 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

мај 19, 2025
1 минути

На 19.05.2025 во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ