„Поради немарноста од страна на ЕВН на која со години и е пријавуван проблемот еве на двете фотографии погледнете што се случи утринава“ стои во краткиот прилог на наш сограѓанин поткрепен со две фотографии.
Утринава на улицата „Иван Иванов – Балаш“ во непосредна близина на зградите во населбата „Недопирливи“ падна дотраен дрвен столб кој освен што го попречи минувањето низ улицата не предизвика за среќа други последици.
Инаку, се работи за дрвен столб на кој има жици само од некоја од неколкуте кабелски телевизии што изминатите години се отвораа во Кочани. Жиците со пренос на електрична енергија биле префрлени на друг бетонски столб пред извесен период.
Во меѓувреме столбот од страна на ЕВН е отстранет од улицата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ