Во Сабота на големиот македонски празник 11 Октомври, се играат натпреварите од 8-то коло во Втора Фудбалска Лига.
Дерби натпреварот е закажан за во Штип но погледите на љубителите на фудбалот во Кочани се свртени кон натпреварот што ќе се одигра во „градот на оризот“, домаќините ја пречекуваат екипата на „Беласица“.
Во минатото коло „жетварите“ славеа на теренот во Виница додека „Беласица“ загуби како домаќин од „Шкендија“ – Арачиново, па сега и двете екипи ќе тргнат по трите бода, домаќините за да влезат во серија победи а струмичани да се вратат на победничкиот колосек.
Двојки од 8-то коло:
Осогово – Беласица
Тетекс – Шкендија (А)
Победа – Слога
Кожуф – Детонит Плачковица
Вардар (Н) – Големо Коњари
Брегалница – Скопје
Новаци – Охрид
Каменица Саса – Преспа
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ