ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ЧЕСЕН ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
ноември 6, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 7-то коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Фаворитите дојдоа до нови победи и режираа мошне интересна завршница кога е во прашање освојувањето на есенската титула.

Девојчињата на „Кочани“ имаа тешко гостување кај СЦ „Истатов“. Иако многумина прогнозираа висок пораз за кочанчанки, девојчињата на тренерот Оливер Јовановски „скапо ја продадоа кожата“, одиграа солиден натпревар во кој достојно се носеа со фаворизираниот домаќин но неискуството и овој пат се покажа како решавачко па во Кочани мораа да се вратат со празни раце.

Резултати од 7-то коло:

„СЦ Истатов“ – „Кочани“  3:0

„Деспина“ – „Ас Јунајтед“  3:1

„Скопје 2014“ – „Речица“  3:1

„Шкендија“ – „Тиверија“  1:8

„Борец“ – „Каменица Саса“  0:11

С.  Ивановски