КОЧАНИ ДЕЛ ОД ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА „МОТО РЕЛИ МАКЕДОНИЈА – НЕЗАВИСНОСТ 2023“

септември 8, 2023
1 минути

По повод 8.Септември Ден на независноста на Македонија денес стартуваше 32. издание на „Мото Рели Македонија – независност 2023“.

Релите во кое учествуваат повеќе од 400 мотори ќе се вози во наредните три дена, стартуваше денес (Петок)  во Скопје а истото според програмата завршува во (Недела) исто така во Скопје.

Првиот ден се вози на дестинацијата: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани (пауза), – Виница – Берово (пауза), – Струмица (пауза) – Дојран (ноќевање и забава за учесниците).

Втор ден: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци (пауза), – Прилеп – Битола (пауза), – Ресен – Галичица – Охрид (ноќевање со забава).

Трети ден: Охрид – Кичево (пауза), – Стража – Тетово – Скопје.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ