ЛЕВИЦА ЛО КОЧАНИ ГИ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ И ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р. МАКЕДОНИЈА

септември 8, 2023
1 минути

Делегација на Левица ЛО Кочани оддаде почит со положување свежо цвеќе на Споменикот на слободата, изграден на ридот Локубија во 1981 година, по повод 40 годишнината од отпочнувањето на антифашистичката борба и им оддаде почит на борците и борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор, а го одбележа и 8 ми Септември, денот на независноста на Р.Македонија.

Во 1991 година, граѓаните излегоа на референдум и гласаа ЗА суверена, самостојна и независна Македонија.

Политичката партија Левица има јасна визија и принципиелни политички ставови. Затоа, почитувани граѓани, не заборавајте дека Вашиот глас вреди многу.

Честит 8-ми Септември!

Честит ден на независноста на Македонија!

Левица ЛО Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ