РАЗИГРАНО ПРЕТПЛАДНЕ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

април 16, 2023
0 минути

Како дел од манифестацијата „Сподели радост“ која годинава се организира по повод Велигденските празници денес „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше центарот на забавата.

Под мотото „Ротари Велигденски игри“ разиграно, распеано и весело претпладне беше организирано за најмладите, а тие, дечињата, играа пееја се забавуваа во придружба на своите родителите, роднините и пријателите.

Додека на еден крај најмладите играа под тактот на музиката, неколку метри подалеку најмладите девојчиња и момчиња се натпреваруваа во совладувањето на препреките.

На крајот од манифестацијата „Ротари Велигденски игри“ на најмладите им беше презентирана претставата „Светот на Биби“ на која дечињата повеќе од половина час со насмеани лица пееја и играа.

Беше прекрасно, па нека се повтори.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ